Постоењето на документ Подстратегија за рурален развој на Општина Чашка, за периодот 2011- 2015 година произлезе од важноста да се идентификуваат правците за развој на општината. Особено во секторот земјоделство и туризам.
Развојот на земјоделството и туризмот на територија на Општина Чашка се препознатливи приоритети за кои е неопходно да се планираат, вложуваат, поддржуваат и да се унапредат програмите и активностите со цел да се следат современите трендови во Македонија.
Документот е во согласност со Стратегијата за локален економски развој кон создавање на „Чашка модерна земјодлеска општина и афирмирана туристичка дестинација која нуди можности и содржини за квалитетен престој во здрава и чиста животна средина“.
Подстратегија за рурален развој на Општина Чашка можете да ја превземете овде.