news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Член 13

Општината самостојно, во рамките на закон и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со законот за локална самоуправа или другите закони и е одговорна за нивното извршување.

Член 14

Општината  е надлежна за вршење на следните работи:

  • Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
  • Заштитата на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита на бучавата и нејонизирачкото зрачење;
  • Локалниот економски развој-планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
  • Комуналните дејности-снабдување со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето на отпадните води; јавното осветлување; одведувањето и третманот на атмосферските води; одржувањеот на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; снабдувањето со природен гас и топлинска енергија; одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги; изгардбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфрастуктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила; отстранување на хаварисаните возила од јавните површини; изградба и одржување на пазарите; чистењето на оџаците; одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определувањето на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфрастуктурни објекти;
  • Културата-институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;
  • Спортот и рекреацијата - развојот на масовниот спорт и рекреативните активности; организирањето на спортски приредби и манифестации; одржувањето и изградбата на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи;
  • Социјалната заштита и заштитата на деца-детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; децата без родители и родителска грижа; деца со воспитно-социјални проблеми; деца со посебни потреби; децата од еднородителски семејства; децата на улица; лицата изложени на социјален ризик; лицата засегнати со злоупотрба на дрога и алкохол; подигање на свеста  на населението; домување на лица со социјален ризик; остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита;
  • Обарзование-основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во  согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученичките домови;
  • Здравствената заштита-Управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои Ќе бидат утврдени со закон;
  • Спроведување на подготовките и превземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;
  • Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;
  • Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност. Врши избор, именувања и разрешувања определени со закон.
  • Други работи определени со закон.

Член 15

Работите од членот 14 на овој Статут се уредуваат со прописи на Советот на општината, во согласност со постапките и стандардите утврдени со закон.
Работите од член 14 на овој Статут кои задолжително ќе ги извршува општината ќе бидат определени со посебните закони и национални програми.

III. ВРШЕЊЕ НА РАБОТИ СОГЛАСНО НАЧЕЛОТО НА СУПСИДИЈАРНОСТ

Член 16

Општината, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на своето подрачје да спроведува иницијативи во врска со сите прашања од значење за Општината, што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Определувањето на работите од став 1 на овој член, дефинирањето на нивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни одлуки на Советот, по предлог на градоначалникот.

(Извадок од Статут на Општина Чашка)
 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner