news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Член 17

Советот на општината избира Претседател на Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, со мандат од 4 години.
Предлог за претседател на Советот може да даде секој член на Советот.
Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните членови на Советот.
Постапката за избор на претседател на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот на Општината, се грижи за организација и работа на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 дена од денот на донесувањето ги доставува до Градоначалникот заради објавување.
Претседателот на Советот ја претставува Општината.


Член 18

Советот на Општината е преставнички орган на граѓаните.
Советот на Општината го сочинуваат 11 претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.
Членот на Советот не може да биде отповикан.

Член 19

Конституирањето на Советот, се врши со верификација на мандатот на членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон и со давање на свечена изјава која гласи:
"Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија."
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.
 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner