news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Член 20

Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.

Член 21

Членот на Советот има право и должност:

1. да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
2. да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
3. да бара од администрацијата на Општината (во натамошниот текст администрација), како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
4. да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
5. да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.

Член 22

Членот на Советот има право да присуствува и учествува во работата на седница на комисија на Советот, иако не е член на комисијата, но без право на одлучување.

Член 23

Членот на Советот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, должен е за тоа благовремено да го извести  претседателот на Советот и претседателот на комисијата.
Членот на Советот кој од оправдани причини подолго време е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, има право да побара од   Советот одобрение за отсуствување од седниците.
По барањето од ставот 2 на овој член, Советот одлучува без претрес.

Член 24

Советот на општината ги врши следните работи:

1. Го донесува Статутот на општината и други прописи;
2. Донесува Програма за работа
3. Донесува буџет на општината и годишната сметка на општината;
4. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
5. Основна јавна служба во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
6. Именува членови во управите на јавните служби, кои ги основа;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и годишната сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност закон;
9. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
12. Го избира лицето кое раководи со пордачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кои го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот правобранител;
14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
15. Врши други работи утврдени со закон.

(2)Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот(1) точките(7 и 9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното И финансиско работење пред надлежниот орган за надзор.

(3)Раководното лице од ставот(1) точка12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините кои ги опфаЌа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

(Извадок од Статут на Општина Чашка)

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner