news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Традиционално во организација на ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила и Општина Чашка по десетти пат се оддржа Саемот за здрава храна „Поблиску до природата“ во Извор.

Саемот има за цел промовирање на локалните земјоделци и земјоделски производи, локалните специјалитети и традиционалните носии и рачни изработки.

Чистата еколошка средина е предуслов за производство на ... квалитетна храна и производи произведени во АЗОТ.

Манифестацијата традиционално го менува местото на оддржување, се со цел да се промовираат населените места на АЗОТ: Стариград, Теово, Согле, Богомила, Ореше, Папрадиште, Бистрица, Нежилово, Извор, Мартолци и Оморани.

Општина Чашка e исклучително чиста и еколошка здрава животна средина, без чад од индустриски оџаци, редок сообраќај, но богата со чисти и ладни води, плодни ниви.

Посетителите имаaт можност да поминaт еден ден во здрава чиста еколошка средина, запознавајќи ги земјоделските производи од селата, при тоа да ги дегустираат локалните специјалитети подготвени од вештите раце на мајките и бабите, да ја запознаат народната традиција карактеристична за овој крај, како и можност да бидат во контакт во локалните земјоделци .

Нашиот крај се одликува со благи зими и свежи лета, кои се добар предуслов за одгледување на разновидни  растенија-овошје и зеленчук, шумски плодови и многубројни лековити растенија.

Од градинарските растенија посебно треба да го истакнеме богомилското гравче.Друг производ кој потекнува од оваа еколошки чиста и здрава средина е компирот особено произведен во Извор, Нежилово и Папрадиште. Посебно треба да се истакне одгледувањето на повеќе видови на пиперки на подрачјето на селата Теово, Мартолци и Извор.

Во подрачјето на Азот многу ги има и оревите, бадемите и лешниците кои се корисни во во исхраната на човекот.Шумските плодови како што се печурките, капините, шипките, боровинките имаат важно место во исхраната на човекот, посебно печурките-вргањ, кои воедно претставуваат извор за егзистенција - опстанок  на многу луге од овој крај.

Добрите климатски услови овозможуваат одгледување на пчели и произведување на многу квалитетен мед. Особено препознатлив е медот произведен во Согле, Извор, Теово, Јасеново, Богомила.
Ливадите, пасиштата и шумите исто така овозможуваат развој на сточарството.

Чистите, бистри и ладни води, на реката Бабуна се предуслов за развој на рибарството особено во селото Нежилово и Оморани.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner