news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ кој се имплементираше во Општина Чашка ја постигна целта. Имено се зајакна соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики преку мерките кои придонесоа кон подобрување на спортот во ... Чашка.

Училишниот спортски клуб „ Петре Поп Арсов“ од Богомила и имплементаторите Фондација за претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар остварија видливи резултати преку проектот „Со спорт до подобар свет“.

Согласно предвидените активности на проектот „Со спорт до подобар свет“ преку УСК „Петре Поп Арсов’ од Богомила се набави спортска опрема и реквизити за основните училишта и тоа:ООУ „Петар Поп Арсов“ од Богомила, ООУ „Тодор Јанев“ од Населба Чашка како и за ООУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште.

Спортските реквизити придонесуваат во квалитетно оддржување на наставата за физичко и здравствено образование и навика за спортот како предуслов за здрав и квалитетн живот.

Локалната самоуправа е партнер во проектот и секогаш се залага за подобрување на квалитетот на живот  во наелените места.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner