news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) Општина Чашка распишува:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови на територијата на  Општина Чашка во 2018 година

Сите заинтересирани правни и физички лица во тек на јавниот повик може да достават иницијатива за изработка и донесување на урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место. Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Иницијативите можат да се достават во ...

електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма до архивата на Општина Чашка. За доставените иницијативи, подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.

 

Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Чашка за 2018 год.

Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи  треба да ги обезбедат правните или физичките лица кои се подносители на иницијативите.

Јавниот повик се објавува  во службеното гласило на Општина Чашка, на веб страната на општината www.caska.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е – урбанизам, како и во дневен весник на македонски јазик и дневен весник на албански јазик.

Јавниот повик ќе трае 31 ден - од 01.02.2018 до 03.03.2018 година.

 

ОПШТИНА ЧАШКА
Г р а д о н а ч а л н и к

Горан  Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner