news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 21.03.2018 година (среда), Градоначалникот на Општина Чашка заедно со општинската администрација иницира акција за расчистување на отпад на територијата на општината, во која што и истите ќе земат активно учество.

Воедно, покрај администрацијата, учество во акцијата ќе земат и припадниците на образовните институции и јавното комунално претпријатие "Тополка", а поканата е отворена кон сите жители на општината.

Целта на оваа акција е да се придонесе во расчистување на местата кои заличуваат на диви депонии, подигнување на свеста за чиста околина без смет кај сите граѓани на општината и ставање на акцент на девизата дека чиста животна средина е основен предуслов за здрав живот. За да овозможиме здрав живот за сите нас и нашите идни поколенија, Ве покануваме да земете активно учество во оваа акција и акциите од овој облик кои ги планираме во иднина.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner