news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Согласно проектот „Со спорт до подобар свет“ на Училишниот спортски клуб „ Петре Поп Арсов“ се изготви „ Акциски план за системско зајакнување и зголемување на бројот на учесници во училишниот спорт во Општина Чашка “.     Акцискиот план врши афирмација и подобрување на квалитетот на услуги на млади кои членуваат во училишните спортски клубови, нуди мерки на општинско ниво, натпреварувања во мини фудбал, баскет, мини одбојка, ракомет, како и развој на индивидуални спортови:атлетика, применета гимастика, пинг -понг, шах ... и слично.

Спортските реквизити (опремата како и фитнес справите) кои се дел од проектот  придонесуваат во квалитетно оддржување на наставата за физичко и здравствено образование и навика за спортот како предуслов за здрав и квалитетен живот.

Во соработка со основните училишта се реализираше мерката од акцискиот план ,  одбележување денот на патроните на ниво на територија на Чашка. На 3 мај 2017 година со неколку натпревари во фудбал и се одбележа патрониот празник , денот на ООУ „ Тодор Јанев“ .

Акцискиот план е усогласен со Локалната младинска стратегија на Општина Чашка за период 2017-2021 година. Стратегијата е дел од проектот„ Создаваме подобар свет“ на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес . Истата се изработи во соработка со месното население односно младите лица како и локалната самоуправа. Локалната младинска стартегија е усогласена со Националната стратгеија за млади и опфаќа: младинско информирање, младинско учество, локална младинска работа- вработување и образование( формално и неформално)и  квалитет на живот.

Проектите „Создаваме подобар свет“ и со „Спорт до подобар свет“ се дел од мерките поддржани од проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија, имплементиран преку Фондација за претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар. Партнери на проектот сме општина Чашка, Старо Нагоричане и Пробиштип.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner