news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, реализирајќи ја иницијативата  која што е поддржана од страна на Националниот Младински Совет на Македонија. Заврпниот настан на иницијативата “Уредување на отворен простор за анимација и логорување на млади  во село Голозинци – Општина Чашка) на 07.05.2017 год. (недела) во с. Голозинци – Општина Чашка  изврши промоција на активностите кои се предвидени со планот  на активности предложени во спомената ... иницијатива.

На завршниот настан градевме летна училница која ќе  се користи и за неформални активности за сите млади од општина  Чашка (Богомила, Извор, Горно Јаболчиште, Горно Врановци, Мeлница), го  саниравме и создаваме камперскиот простор со монтирање на подвижна електрична  инсталација за осветлување и ќе се гради капија со посматрачница во  извидничкиот центар Голозинци, како битен извиднички елемент на еден современ  камперски простор.

На овој завршен настан учество покрај членовте на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес,  земаа и ученици од местата во Општина Чашка кои се предвидени  како корисници на оваа иницијатива односно преку 85 млади се дружеа и создаваа, оставија белег за сите.

Иницијативата е дел од кампањата “Мрдни со прст“ која има за  цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени  промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и  можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Општина Чашка има одлична соработка со здруженијата на граѓани и секогаш е партнер во спроведувањето на активностите.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner