news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

На 10-ти мај, со почеток од 11:30 часот, во Дом на културата во Пробиштип,  се оддржа завршната конференција на тема „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“. Конференцијата е дел од проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, имплементиран од партнерските организации: ПСМ Фондација и Фондација ... Евро Центар.

На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот, најдобрите практики од пилотираните мерки од областа на младинските политики на локално ниво од општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане. Дополнително како дел од конференцијата  се оддржа и тркалезна маса на тема „Соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд“.

Презентација на клучните реализирани активности и спроведените предлог-мерки преку локални проекти на граѓанските организации се изврши  пред релевантни стејкхолдери, претставници на граѓански организации, претставници на општините кои работат на полето на креирање младински политики, но исто така млади лидери и претставници од бизнис заедницата.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner