news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Се известуваат граѓаните на Општина Чашка кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот дека даночната администрација на Општина Чашка ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2017 година.

Општина Чашка ги повикува сите даночни обврзници кои при доставата од било кои причини не добиле решение за данок на имот и комунална такса, да дојдат во  Општина Чашка. Доколку граѓаните не ги подигнат решенијата согласно Законот за општата управна постапка ќе се сметаат за уредно доставени. Рок за извршување на обврската за подмирување на даноците согласно ... Законот за даноците на имот е 30 ноември, 2017 година.

Доколку даночните обврзници до овој рок не го подмират својот долг, нивната обврска ќе биде зголемена за износот на затезна камата за ненавремено плаќање, утврдена со закон и други дополнителни трошоци согласно преземените мерки за присилна наплата.

Општина Чашка апелира до сите граѓани, даночни обврзници да ги подмират своите обврски по основ данок на имот и комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на сите населени места на Чашка
Исполнете ја вашата граѓанска обврска, подмирете го данокот на имот.Со Вашата совесност придонесувате за изградба на нова инфраструктура и поубави населени места на Чашка.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner