news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Во Општина Чашка во тек се градежните работи од проектот ,,Рехабилитација на дел од локален пат за с.Горно Врановци- Општина Чашка“. Согласно предвиденот рок се извршуваат работите на терен кои ќе придонесат за подобрување на сообраќајната комуникација.

Имено изваден е стариот асфалт со ширина од ...

3 метри, извршено е  подобрување на подтлото на патот со тампонски материја, порамнување со тампонски материјал и асфалтирање на должина од 750 метри и ширина од 3 метри. До крајот на јуни 2017 година остануваат да се изработат банкини во должина од 1500 метри, обработка на каналите за одводување и поставување одбојна ограда на критичните места.

Средствата во износ од 3.257.508.оо денари се обезбедени од повикот MSIP-NCB -060/16 грант на Светска Банка, а изведувач на работите е Друштво за градежништво ,,ИЗГРЕВ ИНЖИНЕРИНГ,, Велес.

Локалната самоуправа континуирано се залага да ја подобри патната инфраструктура со цел да се подобри квалитетот на живот и комуникација на цела територија на Општина Чашка.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner