news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

На 17 Јули 2017 година во Општинската сала во Општина Велес, со почеток во 15:00h ќе се одржи Јавна расправа организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Секторот за ...

 

животна средина.

На јавната расправа ќе биде претставена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за Вардарскиот регион која беше подготвена во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/SER/MK“, проследена со претставување на студија на изводливост од страна на клучните експерти и дискусија со сите засегнати страни.

Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.

Целата информација за проектот и агендата за јавната расправа можете да ја превземете овде.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner