news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Општина Чашка во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион обезбеди средства за финансирање на проекти, од Владата на Република Македонија преку Бирото за регионален развој, со одлуки објавени во Службен весник на Република Македонија, број 102.

Имено согласно листата на проекти за развој на планските региони за финансирање ви 2018 година, се обезбедија 3.175.755 денари преку Центарот за развој на Вардарски плански регион за проектот „ Подобрување на квалитетот на живот и зачувување на ... животната средина преку изработка на проектна документација за изградба на комунална инфраструктура во Општина Чашка и Велес“.

Со изготвувањето на проектно-техничката документација за изградба на фекална канализација, прочистителна станица и регулација на речното корито на река Тополка во село Горно и Долно Јаболчиште e чекор напред за да  се реши проблемот со зафаќањето, третирањето и испуштањето на фекалните води во река Тополка како и воспоставување на контролиран режим на течење на река Тополка помеѓу и низ селата Горно и Долно Јаболчиште.

Проектот е од огромно локално и регионално значење и ги задоволува потребите на жителите од Чашка, Велес па и регионот за чист воздух, вода и здрава храна.

Општина Чашка остварува успех и преку проектот „За чиста Чашка“ за кој се  обезбедени средства за фиинасирање на проекти за развој на селата во 2018 година во висина од 613 600 денари .

Проектот директно ќе придонесе во заштита на животната средина преку набавка на метални контејнери со големинна од  1.1 м3 за собирање и транспорт на комунален отпад кои ќе бидат поставени во  населените места во Општина Чашка.

Очекуваме успеси за локалната заедница се со цел подобрување на квалитетот на живот во населените места во Општина Чашка.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner