news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Во придружба на идниот заменик министер за образование и наука, г-дин Петар Атанасов, денес ги посетивме објектите на Основното Училиште „Лирија“ во с. Горно Јаболчиште и с. Долно Јаболчиште. Заменик министерот беше запознаен со условите во кои досега децата се школувале како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат при изведувањето на настава.

Круцијалниот проблем на училиштето во Горно Јаболчиште е малиот ... капацитет на објектот во однос на бројот на ученици, додека пак учениците од Долно Јаболчиште посетуваат настава во објект кој не ги задоволува основните стандарди за оддржување настава.

Овој проблем кој трае со години сега ќе се решава системски со цел да се изнајде трајно и одржливо решение на задоволство на учениците, наставничкиот кадар и родителите.

Се обврзавме дека децата ќе добијат современ објект и услови за изведување настава. Во тоа име ги повикувам родителите на трпение додека се изнајде вистинското оддржливо решение на овој горлив проблем.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner