news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Ве известуваме дека на ден 06 јули 2018 година (петок) во периодот од 05:00 часот до 08:00 часот, на територијата на Општина Чашка ќе се врши авионска дезинсекција (авионско прскање против комарци) на населените места и јавни површини.

Со авионското прскање ке бидат опфатени следните населени места и јавни површини: Населба Чашка, с.Раковец (општинската депонија), с.Еловец, с.Голозинци, (оризовите насади), с.Лисиче, с.Мелница, с.Богомила, с.Согле, с.Теово, с.Мартолци, с.Оморани и с.Извор како и течението на река Тополка и Бабуна.

Се известуваат пчеларите за време на прскањето и 3 до 4 часа потоа да ги затвораат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на промена на временските услови (дожд, ветер) прскањето ќе се врши наредниот ден во истиот временски период.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner