news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Општина Чашка со финансиска поддршка од ALLIANCE ONE, Кавадарци создавме целина на целина на  образовниот процес како и слободното време на децата и младите од Извор со  адаптација на просторот за „Медиотека за деца и млади“. Општина Чашка ја промени електричната инсталација.

До денес, се изврши постави ламинат во просториите од околу 70 м2 и промени надворешната врата и се набавија 25 конгрес столчиња.

Во тек е опремување на просториите со ... маси, компјутери , телевизор се со цел отварање на Медиотека за деца и млади во Извор.
Медиотеката ќе ја користат децата кои го следат воспитно- образованиот процес во ПОУ„ Петре Поп Арсов“.Во ПОУ„Петре Поп Арсов“во  Извор учат вкупно 59 деца од I до IX одделение.

Во непосредна близина на училиштето е детскиот парк за најмалите како и спортско рекреативните терени за фудбал и кошарка.
Во ПОУ„ Петре Поп Арсов“ во Извор учат  деца од Извор, Мартолци, Оморани, Стари Град и Долно Врановци.

Средното образование децата од Општина Чашка го продолжуваат во Велес, Кавадарци и Скопје. Децата своите викенди, како и зимскиот и летниот распуст  ги поминуваат во своите домови. Децата од населените места Извор, Мартолци, Оморани, Стари град и Долно Врановци имаат ограничен  пристап на интернет од дома или воопшто го немаат.

Во овие населени места поединечно бројот на деца и млади е многу мал, па со отварање на медиотеката би се формирало место кое ќе ги зближи децата и младите во поголем број, со што протокот на информации и идеи ќе биде зголемен.
Со функционирање на медиотеката пристапот на бесплатен интернет , како прозорец кон ќе го подобри  квалитетот на воспитно образованиот процес и слободното време на децата и младите.

„Медиотеката за деца и млади“ има за цел подобрување на квалитетот и условите за образование на децата со  едукативен и информативен дел за  насочување и  подобрување на квалитетот на настава , помош при  избор на идна професија и простор за едукација и можност за стекнување на неформално образование како неопходна потреба за надградба на човечките капацитети од руралните населени места.

Просторот директно ќе го користат децата и наставниот кадар од ООУ „Петре Поп Арсов“ Извор со што ќе се подигне нивото на настава во село.

Соработката со ALLIANCE ONE, Кавадарци e препознатлива кај жителите. Заедничкиот  пристап на Општина Чашка со компанијата  создава позитивни  видливи резултати во Општина Чашка.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner