news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Член 45

 

Во Општината се формира Совет за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите е составен до 10 членови, претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги во општината.
Членовите на Советот за заштита на потрошувачите не може да се избираат од редот на членовите на Советот на Општината.

 

Член 46

 

Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите донесува Советот на Општината, на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на облиците на месна самоуправа во општините во Општината.

 

Член 47

 

Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласање.

 

Член 48

 

Советот за заштита на потрошувачите работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот на   Општината, без право на одлучување.

 

Член 49

 

Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози кои што се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Општината, а особено:

1. ја следи состојбата на давањето на услуги од јавните служби;
2. се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата  и установите што вршат јавни услуги;
3. се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите;
4. организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните на кои ќе се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите.

(Извадок од Статут на Општина Чашка)
 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner