news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Собраќајната поврзаност на општината е добра. Низ територијата поминува железничката пруга Скопје-Битола. Со градот Велес општината е поврзана со регионалниот пат Р-526, Р-515 и Р-514. Предвидено е општината да се  приклучи  со магистралниот пат К-10 Велес-Прилеп-Битола кој ќе поминува низ територијата на општината, со што територијалната поврзаност со другите делови од нашата Република би била уште подобра.
Вкупната должина на патната мрежа во општина Чашка изнесува 62 км регионален пат чие одржување е во надлежност на Јавното претпријатие за одржување на патишта Македонија пат - Скопје, Подружница Велес и локална патна мрежа во должина од 132 км  од кои 51 км асфалтен пат, 6 км тампониран пат, 65 км земјен пат и 10 км непросечен пат (извор: "Транспорт и други услуги 2013" ДЗС на РМ). За одржување на оваа патна мрежа Советот на општина Чашка донесува годишна програма за зимско одржување на јавните патишта и улици.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner