news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Воспитно образовниот процес на децата во основното образование се одвива во 3 централни основни училишта и 6 подрачни училишта. На учениците од околните села кои гравитираат околу Чашка им е обезбедено интернатско сместување. На сите други ученици им е обезбеден бесплатен превоз од местото на живеење до најблиското училиште.

Во општина Чашка постојат:

1.Централно училиште  ООУ„ Тодор Јанев“    Населба Чашка
Подрачно училиште Мелница

2.Централно училиште ООУ „ Петре Поп Арсов“ Богомила
Подрачни училишта во Извор , Согле и Ореше

3.Централно училиште ООУ„ Лирија“ Горно Јаболчиште
Подрачни училишта во Долно Јаболчиште и Горно Врановци

Во рамките на училиштата има отворени спортски терени, кои помагаат за реализација на образовниот процес и влијаат на подобрување на психофизичките способности на учениците и квалитетот на живот.

 

Јавни институции кои функционираат на територијата на општина Чашка се:

- Јавно Претпријатие за комунални дејности Тополка во Населба Чашка

- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството РЕ Велес со дисперзирани канцеларии во Населба Чашка, Извор, Теово и Горно Јаболчиште

-Меѓуопштински центар за социјални работи во Населба Чашка

-Клуб за стари лица (дневен центар за стари лица) во Населба Чашка и во Богомила

- Дневен центар за лица со инвалидност „ Детелина“ Населба Чашка ( отворен преку проект на Здружение за лица со церебрална парализа Велес, Општина Чашка, Министертсво за труд и социјлна политика и Лудвиг Болцман Институтот)

- Македонски пошти - Населба Чашка, Горно Јаболчиште , Извор и Богомила

- Матични служби на Министерство за правда во Богомила и населба Чашка

- Сервис на Катастар на РМ за издавање на имотни листови, кој функционира во рамките на ЕЛС Чашка

- Специјална Болница за белодробни заболувања - Јасеново

- Клуб за млади во Извор

 

За сите информации можете да се обратите во општина Чашка:
++389 43 241 400, This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner